Дали антиевропејците од Левица се израдуваа на смртта на Котуњо и ја прогласија за политичка победа

by Fokus

Повод за антизападни политички критики стана дури и смртта на италијанскиот пејач Тото Котуњо, кој е запаметен по легендарната песна „Инсиеме“ (Заедно), во која пее за обединета Европа. Со добро познатата анти-НАТО и анти-ЕУ реторика, претставници на опозициската партија Левица, решија да ја искористат смртта на пејачот во обид да извлечат ситни политички поени. Такви ставови сподели координаторот на Левица за секторот култура, Тони Димитров на социјалните мрежи, кој воедно е и директор на Културно информативниот центар – Скопје.

„Тото Котуњо, најавата (и надежта) на еуропската униа, замина. Козмосот сака нешто да ни каже. Ако уште не можете да прочитате што, имате повеќе (гео)политички, отколку здравствен (офталмолошки проблем)“, напиша Димитров на својот Фејсбук профил.

Уште посимптоматично е што Кутињо починал во болница во Милано каде бил хоспитализиран, а неговиот менаџер за медиумите објаснил дека „по долго боледување, состојбата на пејачот се влошила во последните месеци“.

Сепак, смртта и болеста со која се соочил пејачот не претставуваат никаков проблем за Левица тоа да го искористи во политичка агенда и да ги претстави како победа на антиевропејците.

 

Поврзани новости