Медарите од ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа колапс во Јавното сообраќајно претпријатие и за првпат главниот град остана без јавен превоз, реагираа утрово од владејачката СДСМ.
„За само една година со градските власти на ВМРО-ДПМНЕ, Јавното сообраќајно претпријатие направило долг од еден милион евра. Дали меѓу причините за овој милионски долг на ЈСП е анекс договорот за набавка на горива, поскапо за 5,6 денари по литар од редовната цена? Колапс на ЈСП, огромни долгови, задоцнети плати и прекин на јавниот превоз е резултат на неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната градоначалничка Арсовска“, велат од партијата на Димитар Ковачевски.
Наместо со проекти и со проблемите на граѓаните, додаваат од таму, од ВМРО-ДПМНЕ со рацете во медот се занимаваат со тендери и провизии.