476
Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан реши да го повлече дресот со бројот 24 во чест на Коби Брајант, кој вчера трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
Иако Брајант никогаш не ги бранеше боите на Далас, сепак, сопственикот се реши на ваква одлука од почит кон него.
„Шокирани сме поради веста за смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џијан. Тој беше амбасадор на нашата игра, глобална икона. Пред се, беше посветен татко“, кратко соопшти Кјубан.
Фото – Ројтерс