Далај Лама е ставен во карантин заради возраста

by Fokus

И тибатенскиот духовен лидер Далај Лама е ставен под принуден карантин, јави лама Калмакиј Тлкуло Тулку Ринпоче.

-Далај Лама е ставен под карантин како мерка на претпазливост, додаде Ринпоче.

Според него од почетокот на епидемијата, од јануари 2020 година, сите настани на кои требаше да учествува духовниот лидер се откажани. Тоа се однесува како за јавните настани, така и приватните средби.

Светски познатиот духовен будистички лидер е на  возраст од 84 години. Повеќе од 60 години тој живее во егзил во Џарамсала, во северна Индија, и секоја година оддржува предавања и говори на илјадници луѓе, патувајќи во различни индиски држави и други земји од светот.

Будистите го сметат Далај Лама (океанскиот учител.) за реинкарнација на Авалокитешвара – Буда на страдањето.

Поврзани новости