Дала отказ, но не сакала азил уредничката која влета со транспарент во емисија

by Fokus

Уредничката на рускиот Канал 1, Марина Овсијаникова соопшти дека дала отказ, но и дека одбила да ја прифати понудата за азил во Франција откако на руската државна телевизија истакна транспарент со порака „Стоп за војната!“ и „Тука ве лажат“.

Овсијаникова набргу потоа беше уапсена и казнета со 30.000 рубли (290 долари).

Во интервју за Франс 24, Овисијаникова соопшти дека ги „предала документите“ за раскинување на работниот однос во Канал 1.

„Тоа е законска процедура“, рече таа.

Овисијаникова, која има две деца, вели дека „со овој гест го променила животот на своето семејство “, при што нејзиниот син покажал посебна вознемиреност.

– Но, мораме да ставиме крај на оваа братоубиствена војна, за ова лудило да не се претвори во нуклеарна војна. Се надевам дека со текот на времето син ми ќе сфати зошто го направив тоа, рече таа.

Поврзани новости