612
30-годишен жител на село Врапчиште останал и без парите и без кујната за која дал капар. Столарот кој требало да му ги изработи кујнските елементи ги земал парите и повеќе не се појавил. Од МВР соопштија дека му е поднесена кривична пријава на столарот.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(30) од село Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 20.12.2022, пријавениот се договорил со лице од Тетово да му направи кујна, по што земал мерки и добил капар од 55.000 денари, но не ја испорачал нарачката“, велат од таму.