-Нова современа станица за технички преглед, СН Мото–центарот, ги нуди своите услуги за возачите во скопскиот регион. Која е визијата на СН Мото–центарот?
Дафовски: Нашата визијата е СН Мото-центарот да прерасне во двигател на мото–културата во скопскиот регион и во синоним за квалитетна и ефикасна услуга, во функција на поголема безбедност во сообраќајот. Покрај човечкиот фактор, извесно е дека техничката исправност на возилото е клучен параметар за да се осигури поголема безбедност во сообраќајот. Сите анализи покажуваат дека техничката неисправност на возилата е најчеста причина за сообраќајни незгоди, кои можат да завршат и со фатални последици. Навремените и редовни проверки на возилата се од клучно значење за безбедноста во сообраќајот, би рекле и до таа мера што грижата за техничката исправност на возилото може да спаси и живот. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на секој учесник во сообраќајот и затоа треба да биде највисок приоритет. Сите знаеме колку многу вреди, на пример, ако навреме се открие дефект кај сопирачките на возилото. Не е исто ако тоа го утврдите за време на технички преглед и ако сфатите дека сопирачките не работат за време на возење. Со превентивни технички прегледи сигурни сме дека се намалува бројот на сообраќајни незгоди, што, всушност, и статистиките го потврдуваат.
Ние ја гледаме нашата улога во тоа да понудиме најефикасна услуга за комплетен технички преглед на возилата. Нашата цел е возачите да бидат уверени дека штом ќе извршат технички преглед во СН Мото–центарот, можат да бидат спокојни дека нивното возило е проверено со најсовремена опрема и според највисоки стандарди.
-На што се должи тоа што една компанија етаблирана во секторот на осигурувањето, СН Осигурителен Брокер АД Битола, реши да вложи во станица за Технички преглед во Скопје?
Дафовски: СН Мото–центарот е инвестиција на СН Осигурителен брокер АД Битола, тешка 2,4 милиони евра. Станува збор за мултифункционален објект, кој се простира на 6.000 квадратни метри, лоциран на улицата Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје.
СН Мото–центарот располага со 1.847 метри корисна површина, на која во функција се ставени најсовремената техничка опрема и високообразовани и искусни стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои е препознатлива СН Групацијата.
СН Осигурителен брокер денес е најголем брокер по бруто полисирана премија и реализирани штети во Македонија, како и по територијална покриеност и по број на вработени лиценцирани осигурителни брокери. Компанијата воедно е и првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија, кој издава долгорочни хартии од вредност – корпоративна обврзница. Тоа е од историско значење. Овие податоци ги наведувамсамо како илустрација за тоа кој стои зад СН Мото-центарот.
Дополнително, ќе наведам дека во 2019 година, СН Осигурителен брокер ја донесе и најголемата гринфилд инвестиција во пелагонискиот регион, тешка 5,5 милиони евра – СН Сообраќајниот центар, кој и денес успешно функционира.
Растот и развојот логично водеа кон засилено позиционирање на друштвото во главниот град, бидејќи дел од вкупно 42 подружници функционираат таму. Воедно, земајќи предвид дека од 500.000 патнички и моторни возила, кои годишно подлежат на задолжителен технички преглед и осигурување од автоодговорност, на територијата на Град Скопје отпаѓаат околу 200.000 возила. Ваквите анализи водеа кон планирање инвестиција во нов центар за технички преглед во Скопје, организиран по моделот One Stop Shop.
Затоа горди сме што минатата година ја заокруживме со еден капитален проект, односно со пуштање во функција на СН Мото–центарот во Скопје. Свеченото отворање беше на 23 декември2022, во присуство на голем број наши деловни клиенти и соработници, со чија поддршка,всушност, низ изминативе осум години ја градиме успешната приказна на СН Групацијата.
-Со каква опрема располага СН Мото-центарот?
Дафовски: СН Мото-центарот е високоопремена модерна станица, која ги задоволува највисоките европски стандарди за технички преглед. Работиме со соодветна техничка опрема, која е предвидена согласно со законските прописи. Во тој контекст би нагласил дека работиме со најсовремена опрема од германскиот бренд MAXA. Тоа е врвна опрема за дигитално вршење контролни проверки на возилото.
Покрај тоа, ќе нагласам дека, како во поглед на опременоста, така и во поглед на стручните кадри во СН Мото–центарот, настојуваме да бидеме во чекор со светските трендови, не само поради законски наложените обврски, туку и затоа што сакаме да понудиме најдобра услуга и да бидеме конкурентни на актуелниот пазар, со цел возачите во скопскиот регион за брзо време во СН Мото–центарот да препознаат доверлив партнер. Само неколку месеци по отворањето на СН Мото–центарот гледаме дека тоа веќе се случува.
-Кои други услуги, покрај технички преглед, се нудат во СН Мото-центарот?
Дафовски: Покрај технички преглед, возачите во скопскиот регион во СН Мото-центарот можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, хомологација, ПТЕУ, меѓународна возачка дозвола, полномошноза управување туѓо возило во странство и пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен брокерАД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.
Во СН Мото–центарот е сместен и шалтер за издавање тахографски картички, како и тир карнети и Т1. Воедно, тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање, со кои се добиваат сертификати зауправител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач.
-Какви поволности им нудите на корисниците на вашите услуги?
Дафовски: Јасно е дека денес се живее со таквадинамика, што најчесто недостига и време, но и средства, за да се обезбедат сите потреби на секојдневното живеење и функционирање. Но,безбедноста во сообраќајот треба да биде највисок приоритет за секој возач. На корисниците на нашите услуги секогаш настојуваме да им излеземе во пресрет преку различни промотивни акции и поволности. Техничката исправност на нивнитевозила сакаме да им биде приоритет што ќе го обезбедат лесно, брзо и по поволни услови. Не сакаме тоа да биде такво оптоварување на нивниот буџет по цена што би ја ризикувале безбедноста во сообраќајот. Кога вкупната цена за регистрација и технички преглед ќе ја поделите на рати, тоа, сепак, е олеснување. Затоа, она што го нудиме во континуитет е плаќање на 12 рати.
Особено го цениме времето на нашите клиенти. Знаеме колку динамично се живее, особено во главниот град и колку времето значи за секого. Затоа на едно место во современ мултифункционален центар им овозможувамесерија поврзани услуги за технички преглед, регистрација на возилата, пошта и сите видови осигурување, кои тука ги добиваат брзо, квалитетно и ефикасно.
Сите овие услуги можат да се добијат секој работен ден од 8 до 16 часот, додека во сабота центарот работи од 8 до 12 часот. Воедно, би нагласил дека сите промоции нашите клиенти можат да ги следат и преку веб–страницата www.snmotocentar.mk, како и на профилите на СН Мото-центарот на социјалните мрежи.