Популарниот хрватски музичар Дадо Топиќ (74) доаѓа во Струмица. Тој ќе биде специјален музички гостин на настанот најавен како специјално шоу, кој ќе се одржи на 29-ти ноември во Националната установа Центар за култура „Антон Панов“.
Покрај настапот на Топиќ, најавени се и настапите на Иван Кукиќ и „Yu for you“, и Стефан Илиќ и Стринг квартет.
Концертот ќе започне во 20 часот.
Дадо Топиќ е еден од најпознатите рок музичари од поранешна Југославија, а на Македонија пред 50 години и ја посвети песната „Македонија“ која и денес е голем хит.
Истата ја напишал кога имал само 24 години, и за неа изјави дека тој само ја напишал, а народот е тој кој направил песната да слуша половина век.
Музичарот беше во Македонија и во септември, кога гостуваше на Охрид Фест.
Таму го прослави и својот 74-ти роденден и истакна дека е среќен што здравјето добро го служи, па може да настапува секаде каде го бараат.
Вики Клинчарова