Дачиќ: Тачи и Харадинај си играат добар и лош полицаец

by fokus

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го поздрави потегот што САД почна да врши притисок врз Приштина, да ги укине таксите за Србија и БиХ.

Тој истакна дека Харадинај и Тачи играат различни улоги во преговорите околу Косово, и не е јасно „кој е чиј полицаец“.

„Очигледно дека еден игра добар, а друг игра лош полицаец. Прашање е кој е чиј полицаец. Затоа го почитувам тоа што САД прави притисок врз Косово“, додаде Дачиќ.

Поврзани новости