0
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ (48), кој вчера попладнето уби едно лице, а друго тешко го рани.
Дачиќ објави и дека при обидот за апсење, Милосављевиќ пукал во полицајците.
Пукањето се случило вчера околу 18:00 часот во кафана на улицата Ива Андриќа во населбата Стрелиште во Јагодина.
Во таа прилика едно лице е убиено, а друго е рането.
Напаѓачот бил во бегство, но полицијата подоцна го пронашла и го совладала.