227
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ изјави денеска дека секоја земја има суверено право да спречи човек да влезе во земјата.
Тој за ТВ Прва изјави дека сите треба да се запрашаме во каква состојба е нашиот регион ако како главен проблем и тема се препознае фактот што хрватската пејачка Северина е приведена на српската граница.
„Немаме обврска никому да објаснуваме како се однесуваме со странец кој доаѓа во нашата земја и велиме дека не можете да влезете во земјата. Тоа е суверено право на секоја земја“ – изјави Дачиќ за ТВ Прва.