Дачиќ се налути: Ако нема Срби во Бугарија, тогаш нема ниту Бугари во Србија!

by fokus

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ се налути поради тоа што Бугарија не го признава српското малцинство, а се буни за правата на Бугарите во Србија.

-Бугарија не ги признава националните малцинства, но од друга страна толку многу протестира за лошата состојба на Бугарите во Србија. И тоа е веќе точно… Но кога ќе им кажеме, а и на Србите во Бугарија, тогаш тие одговараат: нема Срби во Бугарија. Ах, тоа значи дека велиме дека нема Бугари во Србија. Тогаш нема проблеми со бугарското национално малцинство, рече Дачиќ во утринската емисија „Ново утро“.

Бугарските медиуми оваа изјава на Дачиќ ја протолкуваа како провокација.

Поврзани новости