Министерот за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ изјави дека голем проблем и безбедносна закана, особено за српскиот претседател Александар Вучиќ, е што лидерот на „кавачкиот клан“ – Радоје Звицер е на слобода.
Дачиќ додаде дека на овој проблем треба да се фокусираат и полициите на двете земји, а особено на Црна Гора.
Тој нагласи дека борбата против организираниот криминал не е можна без учество на сите органи на прогонот.
„Претседателот Вучиќ го даде првичниот поттик за борбата против организираниот криминал и беше на чело на тимот што го направи тоа. Затоа тој е препознаен како главна закана за криминалците и организираниот криминал“, рече Дачиќ.
Тој заклучи дека криминалот е мултинационален и не познава граници и дека организираните криминални групи се составени од припадници на различни националности и дејствуваат во сите земји во регионот.