Србија ќе испрати помош од Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби на МВР, за гаснење на шумските пожари во Северна Македонија, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Станува збор за противпожарен хеликоптер Камов К-32 со капацитет од пет тони вода, со седум припадници на Министерството за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации, кои утре во 9 и 30 часот тргнуваат за Северна Македонија, се наведува во објавата на министерството за внатрешни работи на Србија.
Како што изјави Дачиќ, припадниците на МВР на Србија ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Серта во загрозената област во општините Неготино, Конче и Штип, а помошта се испраќа врз основа на барањето на Владата на Северна Македонија.
Дачиќ претходно изјави дека барањето за помош пристигнало телефонски од Северна Македонија поради големиот број пожари што избувнаа на територијата на земјата.