Дачиќ: На некои европски лидери не им паѓа на ум да зборуваат за проширување

by fokus

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на Форумот на министрите за надворешни работи на учесниците во Берлинскиот процес во Познањ, рече дека полека се поставува прашањето за важноста на овие состаноците, бидејќи некои лидери на ЕУ изјавија дека се уште нема говор за проширувањето, објави српското Министерство за надворешни работи.

– Полека се поставува прашањето за потребата и исходот на одржување на овие состаноци и токму за тоа денес зборував најмногу, а така мислат и некои од моите колеги министри. Особено во моментот кога некои водечки европски лидери велат дека не им паѓа на ум да зборуваат за проширувањето на ЕУ. Ако е така, тогаш навистина не ја разбираме целта за одржување на овие состаноци, рече Дачиќ.

Тој истакна дека се залага „Србија и Црна Гора да се придвижат побрзо кон ЕУ, бидејќи не сме задоволни од динамиката, да се започнат преговорите со Албанија и Северна Македонија, во БиХ да се направи она што е потребно за да започне преговори со ЕУ за членство“, дури, додаде Дачиќ „ние немаме ништо против воведување визна либерализација за граѓаните на Косово, но тоа се работи кои не зависат од нас од ЗБ.“ Поради тоа е неопходно пораките на ЕУ да бидат охрабрувачки, ова да не биде некоја втора лига на ЕУ која ќе го замени процесот на европската интеграција, оцени Дачиќ.

– Северна Македонија и Бугарија следната година ќе претседаваат со Берлинскиот процес. Дали мислите дека Северна Македонија ќе биде задоволна со тоа да не добие отворање на преговорите, туку да претседава со Берлинскиот процес, изјави шефот на српската дипломатија.

– Имајќи го предвид фактот дека ние на Балканот не сме меѓусебно солидарни, дека имаме многу нерешени прашања и дека имаме многу работа во областа на реформите, таквите пораки не наоѓаат на добра реакција во нашиот регион, а потоа се поставува прашањето чуму сето ова му служи, праша Дачиќ.

Тој говорејќи и за односите и тензиите на релацијата Белград-Приштина, констатира дека „сепак ние сме задоволни што постои таква иницијатива, но очекуваме дека во наредните години ќе резултира со некои конкретни мерки“.

Поврзани новости