Дачиќ: Мислам дека СПС треба да најде нов лидер

by fokus

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ синоќа изјави дека не е задоволен од резултатите од изборите и дека е подготвен да ја напушти функцијата доколку се утврди дека на социјалистите им треба нов лидер.

-Презедов партија која имаше пет проценти, имавме различни резултати во изминатите 17 години откако јас сум претседател на партијата.

Овој резултат е, што се однесува до нас, незадоволителен и со СПС ќе разговарам што е најдобро за партијата.

Мислам дека е потребно да се најде нов лидер на СПС, рече Дачиќ во првичниот коментар за резултатите од изборите.

Тој им честиташе на Српската напредна партија, на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на претседателот на партијата, Милош Вучевиќ за, како што рече, убедливата победа на сите нивоа и рече дека СПС е подготвена да ја продолжи коалицијата со СНС доколку тие одлучуваат да го направат тоа.

Тој нагласи дека е најважно што изборите минаа во мирна и демократска армосфера:-Тоа е важно со оглед на најавите од претходните денови, рече Дачиќ.

Поврзани новости