Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека санкциите што ги воведоа САД за директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин се чисто политички мотивирана одлука поради односите на Србија со Русија.
– Па и јас бев на списокот на американски санкции… Тие списоци служат и за постигнување одредени политички цели, а јасно е дека кога се работи за Вулин, тоа е исклучиво политичка одлука заснована на односите со Русија – рече Дачиќ. .
Според него, ваквата мотивирана одлука не е добра и праведна.
– Србија не исполнува ниту еден од руските интереси и ако сега наметнеше санкции кон Москва, немаше да може да побара од неа да закаже специјална седница на Советот за безбедност на Обединетите нации – објасни Дачиќ