Дачиќ: Дваесетина лица веќе денеска ќе бидат сослушани, почнувајќи од врвот

by Fokus

Српскиот министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ изјави дека денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица за трагедијата во Нови Сад, „почнувајќи од врвот“.

Како што рече, „полицијата и обвинителството веќе презедоа одредени чекори“.

„Обвинителството го прави сето тоа, веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, почнувајќи од врвот, од вработените во надлежното министерство, јавното претпријатие Железница и ќе се собира документација поврзана со самата зграда, поточно документација за тоа кој донесе одлуки“, рече тој.

Според министерот, „прогнозите биле песимистички од самиот почеток, со оглед на тежината на градбата и сериозноста на настанот“.

„Спасувачите во главно можеа да констатираат само смрт, само три лица се повредени, додека сите други се мртви на лице место. На еден млад човек му беше ампутирана ногата, докторот ни кажа дека такви повреди немал видено од војната, а Се проценува дека тие бетонски блокови тежеле околу сто тони Повредите биле такви што смртта најмногу настапила на лице место“, рече Дачиќ.

Зборувајќи за причината за несреќата, тој рече дека „може да се претпостави дека можеби имало корозија на челичните кабли кои ја држеле настрешницата до покривот“.

Поврзани новости