Дачиќ добил закани од косовскиот шеф на дипломатијата: Ако има некој атентат, да знаеш дека сме ние Албанците

by fokus

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли на министерскиот состанок во Букурешт, му се заканувал со смрт на првиот потпретседател на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, пишува денешен „Курир“.

Според весникот, Пацоли на српски рекол: „Ако има некој атентат, да знаеш дека сме ние Албанците“.

Дачиќ за „Курир“ изјавил дека албанските политичари се нервозни, затоа што им се урива тлото под нозете.

– Веќе отрпнав на закани, но ова е првпат некој од албанските политичари така директно да ми каже. Тоа покажува колку се нервозни, им се урива тлото под нозете. Мислеа дека се е готово, рече Дачиќ.

Тој понатаму вели дека им одговорил оти „тој им е министер, и оти тие се само негови помошници, затоа што Косово е дел од Србија“.

– Тие навикнале се да добиваат со сила. Сега удрија во тврдо! Нема откажување, без оглед на заканите, рече Дачиќ.

На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и балканските земји кандидати за членство, одржан на 1 февруари во Букурешт, Дачиќ констатирал дека на масата седат двајца косовски министри за надворешни работи, алудирајќи на тоа дека вршителот на должност МНР на Албанија, Гент Цакај, е со потекло од Косово.

– Зошто Косово има два министри за надворешни работи на масата? Тоа е тешка провокација (за официјалниот) министер за надворешни работи (и премиер) Еди Рама, рекол Дачиќ, а пренесе албанскиот сајт Балкавеб.

На тоа реагирал Цакај, кој рекол дека Дачиќ претходно требало да биде испровоциран со оглед на тоа што Косово и претходно имало двајца министри за надворешни работи.

– Вие сте од Призрен, зарем не, јас сум Албанец од Косово и овде ја претставувам Албанија, рекол Цакај.

– Па да. Ние сите сме од Србија. Косово е Србија, одговорил Дачиќ, по што Пацоли се изнервирал и му се заканил.

Албанскиот премиер Еди Рама официјално е и министер за надворешни работи, а Цакај е вршител на должност МНР, откако Рама му ги пренесе сите овластувања.

Поврзани новости