Дачиќ до Македонија: Знаеме што сте договориле

by fokus

Одлуката на Србија да го повлече персоналот од амбасадата во Македонија всушност преставува порака до Скопје дека Србија „знае што се договарале и што се договориле“, изјави денеска во утринската програма на телевизијата „Пинк“, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Според Дачиќ во последниот период се интензивирале разузнавачките дејствувања, кои постоеле и претходно. На тврдењата дека македонски разузнавачки служби го прислушувале владиниот врв во Србија, Дачиќ рече дека не е загрижен што под прислушување бил и неговиот телефон затоа што тоа што тој го зборува на телефон го кажува и јавно.

– Србија сака да ја смири новонастанатата ситуација со Македонија која не се базира на претпоставки, туку на недвосмислено утврдени факти кои говорат за засилено офанзивно дејствување кон Србија – изјави Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи најави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре телефонски ќе разговара со македонскиот премиер Зоран Заев, а дека тој ќе се слушне со неговиот колега Никола Димитров, но и дека српската премиерка Ана Брнабиќ ќе има прилика да се сретне со Заев на меѓународен собир овие денови.

-Србија не преземала и не презема ништо против Македонија и не се мешала во внатрешните работи на Македонија дури ни, во турбулентните периоди кога имало секојдневни протести. Не постои ништо врз основа на што би можело да се утврди дека Србија презела било што би било против интересите на Македонија – додаде Дачиќ.

 

Поврзани новости