114
Министерот за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ изјави дека денеска на административниот премин „Мердаре“ е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово и Метохија.
„Станува збор за Тефик Мустафа, кој како припадник на ОВК беше споменат во изјави на сведоци како учесник во киднапирањето на полицајците Горан Маринковиќ, Живојин Павиќ и Предраг Милошевиќ, кое се случи на 19 јуни 1999 година, на автопатот Приштина – Гњилане, кај градот Лабљан, откако му се губи секаква трага“ – се вели во писмената изјава на Дачиќ.
Министерот додаде дека Мустафа ќе биде предаден на Обвинителството за воени злосторства.