Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека нема намера утре да оди во Стразбур по повод 20-годишнината од приемот на Србија во Советот на Европа, доколку Косово биде примено во таа институција еден ден подоцна.
Тој рече дека на 10-годишнината од Бриселскиот договор е најавено дека Комитетот на министри на Советот на Европа ќе ја започне процедурата за косовскиот прием во таа институција.
„Ако тоа е вистина, нема да одам во Стразбур, бидејќи во Советот на Европа никогаш не било примено ништо што не е држава“, изјави шефот на српската дипломатија.
Дачиќ најави дека Србија во наредните денови ќе има многу активна дипломатска активност.
Освен најавената посета на Стразбур, која беше доведена во прашање, Дачиќ најави и разговори со министрите за надворешни работи на Шведска и Франција.