За некој од вас верував дека ќе го направите ова, некои од вас се џубокс пратеници, колку пари толку музика. но некои навистина верував и уште верувам дека има време да се премислите, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната собраниска седница за заклучоците од францускиот предлог.
-А јас како што ви реков, ни мртов ова нема да ви го гласам. Ни мртов. Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство – рече Ристески.
Тој истакна дека посакуваше денеска да биде поинаку.
–Еднаш предавник, секогаш предавник. А не сакав да верувам, дека ќе се уверам во оваа народна изрека. Овој пат, навистина, искрено од срце посакував да биде поинаку. Да биде многу поинакви, заедно сите Македонци, пратеници во овој македонски Парламент да излезевме со народот и да кажевме не го прифаќаме овој понижувачки предлог – рече тој.