Поголема контрола на границата меѓу Косово и Србија пораба албанскиот премиер Еди Рама, на денешниот неформален состанок на лидерите на НАТО во Скопје. Според него, не смее да се повтори настанот во кој животот го загуби полицаец и дека тоа треба да се сфати како предупредување, поради што тој побара зголемен број на силите на НАТО.
„Укажав на неопходноста да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и на неопходноста да се гарантира границата меѓу Косово и Србија, граница која фактички е надвор од контрола и е во служба на илегални активности. Шверцување оружје, наркотични средства и активности, кои во понатамошниот тек се мешаат, како што знаеме сите, со политичката активност, со ултанационалистичка заднина, а кои предизвикуваат големи нарушувања, како што се случи настанот во Бањска, каде што припадник на косовската полиција го загуби животот. Со овој настан излезе на виделина големиот потенцијал од дестабилизација и ескалација“, рече Рама.
Албанскиот премиер посочи дека Косово и Србија решение треба да бараат преку дијалог што ќе го посредува Европската Унија.