Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, смета дека не е добро да се става фокусот на кратење на јавната администрација само поради кратење, туку, според него, поважно е да се подобри ефикасноста на администрацијата и да се задржат добрите луѓе.
Маричиќ посочи дека има голем број на вработени во администрацијата, но и дека на одредени места нема доволен број на вистински, стручни и професионални кадри.
-Процесот на реформа на јавната администрација надминува мандат на било која влада и мора да се одвива со политичка поддршка од сите партии, за да не се собираат врз база на тоа ситни политички поени. Затоа е тешко и оди споро. Правиме напори за подигнување на стандардот во администрацијата, тоа значи повисоко ниво на плата, таму каде што е тоа можно и колку е можно, но и користење на функционалните анализи за да се направи рез – изјави Маричиќ на Телма.