694
Воведување забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Охрид при влез и излез од градот, бара Кризниот штаб на Општината за превенција и справување со коронавирусот од Владата.
„Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели, објави на својот фејсбук профил градоначалникот Константин Георгиевски.