449
Генералниот секретар на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно, по примерот на Франција којашто најави дека зимава поради енергетската криза ќе го исклучи осветлувањето на Ајфеловата кула.
-Во Париз е донесена одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима.
Наместо нашите лидери да ни кажуваат како да се користи струјата во домаќинствата, јас јавно предлагам да почнат да штедат и да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!, објави Хоџа на Фејсбук.