Веднаш по жалењето на Премиерот дека никој нема да му каже фала за тоа што го прави, македонската твитер заедница не издржа а да не надокнади за изгубените и некажаните „фала“ сите овие изминати години.
Повеќе за блогодарниците и искренити „фала“ на линкот од хаштагот #ФалаНикола.
Него шала на страна, јас навистина должам благодарност за оваа влада поради тоа што, ете, на некаков начин ми ја разбудија креативноста за пишување. Озбилен сум, некој тоа мораше да го разбуди, а тоа го направија они. Искрена благодарност, барем за тоа. Но сепак, да бидам и посериозен, ние како народ не треба да должиме и даваме благодарност на Владата и нејзините преставници. Тие се оние кои работат за она што го ветиле, она што ќе го направат да биде корисно за општеството… од наши пари. Ние плаќаме за они да работат а за тоа не треба посебна благодарност туку постојан надзор и критика кога тоа не го прават како што треба.
Инаку за потсетување, на 14 Јуни 2013 година, Премиерот Никола Груевски доби златен медал на Црвениот крст на Република Македонија како благодарност за придонесот и поддршката во хуманите акции.