Да не стравуваме од идеи во функција на науката, вели Гаши за „Фокус“ околу иницијативата за албанска академија

Начелно сметам дека не треба да стравуваме од идеи кои се во функција на развојот на науката, бидејќи од тоа сите во државата добиваат, а каков ќе биде исходот на таа иницијатива, не можам да прејудицирам, вели Африм Гаши во интервју за „Фокус“.

by Фокус

Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со претседателот на Собранието и еден од фронтмените на коалицијата ВЛЕН Африм Гаши, кој, меѓу другото, се произнесува во врска со иницијативата на ВЛЕН за формирање на албанска академија на науките и уметностите.

-Тоа е прашање кое сигурно ќе се дискутира меѓу владините партнери, а јас како претседател на Собранието сум и ќе бидам во служба на секоја позитивна и конструктивна иницијатива. Начелно сметам дека не треба да стравуваме од идеи кои се во функција на развојот на науката, бидејќи од тоа сите во државата добиваат, а каков ќе биде исходот на таа иницијатива, не можам да прејудицирам – вели Гаши во интервјуто.

Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости