Да не се политизира случајот со ракометарот Тот, порача Мицкоски

by Fokus

Случајот со убиениот хрватски ракометар Денис Тот да не добива политичка димензија, туку надлежните институции во државата да одговорат зошто наместо да го расветлат, го криеја настанот, побара денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Дополнителни сомневања, според Мицкоски, создале различните соопштенија со кои излегоа МВР и лекарите од КАРИЛ.

– Не треба работата да се политизира. Треба едноставно Министерството да одговори зошто криеше и зошто молчеше и зошто институциите кои се надлежни за да го расветлат овој грозоморен настан, не го расветлуваат, туку континуирано се обидуваат да ја стават работата под тепих, изјави Мицкоски, додавајќи дека треба да одговараат и оние кои го кријат сторителот на убиството.

Поврзани новости