Да не ме предупредува алармот да прекинам со говорот – Ѓорге Иванов евакуиран во Австралија

by fokus

За време на посетата во Австралија на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, додека држеше говор на донаторската вечера организирана од страна на Македонска Добротворна Организација, се вклучија алармите.

За време на неговото обраќање пред присутните во ,,Plenty ranges Arts and Convention Centre” се вклучија безбедносните аларми, по што Иванов неколку секунди стоеше без збор, а потоа праша – Да не ме предупредува да прекинам со говорот?

Сите присутни од салата набргу биле евакуирани и пристигнале противпожарните екипи.

Сепак, се уште немало официјален одговор што точно се случило и зошто се вклучиле алармите.

Видео со вклучувањето на безбедносните аларми додека Иванов држи говор е објавено на порталот falanga.com.au

Вики Клинчарова

Поврзани новости