Децата се најранливите учесници во сообраќајот. За деца во сообраќај се сметаат лица на возраст од 0 до 14 години. За жал, сообраќајните несреќи се меѓу петте најчести причини за смрт на деца во светот. На секои четири минути на патиштата низ светот, едно дете го губи животот.
Ваквите несакани настани предизвикуваат неописливи страдања и тага, и оставаат последици врз функционирањето на семејствата. Се рефлектираат и врз општеството кое останува лишено од многу млади животи кои со својот интелект и младост требало да бидат двигатели, односно „сила на општеството“.
Децата учествуваат во сообраќајот како патници, пешаци и возачи (пр. возачи на велосипеди). Според статистиката најголем број од децата стрaдаат како патници во возило, што е дополнето и со фактот дека многу мал процент од родителите безбедно ги превезуваат своите деца на детски седишта во автомобилите. Нешто помал процент од децата се загрозени како пешаци, а најмал е процентот на настрадани деца при управување со велосипед.
Да се биде безбеден во сообраќајот е многу повеќе од стекнување знаење и справување во одредени ситуации, тоа првенствено е желба да се сменат ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот. Затоа навремената едукација на децата за сообраќајните правила и прописи, заложбата за нивна подготовка за успешно вклучување во сообраќајот во иднина како пешаци, возачи или патници, како и промената на ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот, е концепт кој неминовно ќе даде резултати во насока на постигнување поголема безбедност на децата во сообраќајот.

Оттаму Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата упатува апел до родителите:
- Грижете се за безбедноста на вашите деца во сообрајќајот!
- Бидете внимателни зашто секое ваше однесување децата го прифаќаат како свое.
- Бидете им пример за правилно, совесно и одговорно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.
- Да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообраќајот затоа што децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Да ја заштитиме нашата иднина!
ПР