Осумнаесетгодишниот Бојан Димитриевски од Скопје се соочува со големи проблеми во животот, откако пред една година останал неподвижен, при сообраќајка во која тој немал никаква вина.
Во незгодата, тој се здобил со тешка повреда на рбетниот мозок и потребно е лекување со матични клетки во клиника во Москва, Русија. Во оваа треба да бидат направени 10 третмани, а ќе биде потребна придружба од неговите родите.
Јас Бојан Димитриевски на 23.08.2018 год.на 17 годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа не по моја вина се здобив со…
Publiée par Бојан Димитриевски sur Mardi 3 septembre 2019
Првото одење во Русија ќе чини 28 илјади евра, сума која неговото семејство не може да си ја дозволи.
Бојан се обрати преку социјалните мрежи, да побара помош од хуманите луѓе, за да може повторно да застане на нозе.
Броеви за донации:
Телеком: 070 143-414
Вип(A1): 143 550
Трансакциска сметка: 200003373418462
За донации од странство :
SWIFT: STOBMK 2X
EUR: MK07200003376775050
USD: MK07200003376787660
CHF: MK07200003376781355.