Д-р Стојанов: Навремено го откажав учеството на дебатата со Делков!

by fokus

Морам да го искажам моето жалење, бидејќи ова требаше да биде дебатна емисија со мојот противкандидат (д-р Горан Стојанов) кој за жал не е присутен – со овие зборови го започна своето излагање актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Неготино, Тони Делков, кој беше гостин во вестите на КТВ.

Тоа што интернистот и кандидат на ВМРО ДПМНЕ не се појави на дебатата, активистите на СДСМ од Неготино го протолкуваа како негово бегство од соочување со Делков. Претседателот на Советот на општината, по тој повод се огласи на социјалните мрежи со пораката дека убаво ќе било доколку имало дебата, ама Стојанов избегал.

За тоа дека не станува збор за бегање од дебата, известува д-р Стојанов, кој за ,,Фокус” вели секој може да си ги толкува нештата како што сака, и појаснува дека го откажал гостувањето на време, поради оправдани причини.

-Кога ја добив поканата за учество во дебатата, на новинарот од КТВ кој ме покани, уште веднаш му кажав дека нема да можам да можам да присуствувам. Го известив на време, значи тоа беше во вторникот, односно четири дена однапред. Отсуствував поради неодложни обврски, и тоа го соопштив коректно и навремено, а сега, кој како сака може да коментира и да обвинува – ни изјави д-р Стојанов.

На претстојните избори неготинчани ќе можат да изберат помеѓу Делков, кој се занимава со приватен бизнис, и д-р Стојанов, кој работи како лекар интернист, и е раководител на итната медицинска помош.

Има шест листи на кандидати за членови во Советот, и тоа на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за мојата општина”, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ,,Обнова на Македонија”, Левица, Единствена Македонија, МААК и ТМРО.

Вики Клинчарова

Поврзани новости