Д-р Стевановиќ: Пациентот од Велес најверојатно се заразил од крлеж при рибарење

by Fokus

Во саботата на Клиниката за инфективни болести од Велешката болница бил препратен 42 годишен пациент сомнителен на конго-кримска хеморагична треска. Д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести, рече дека пациентот добива супортивна терапија и дека е во добра состојба.

„Во саботата вчер имавме суспектен пациент од Велешката болница и во текот на вечерта неговата дијагноза е потврдена. Пацииентот е во добра состојба се жалел на покачена температура, главоболка и побарал лекарска помош. Нема друго за клиничката слика на болеста“, рече д-р Стевановиќ.

Таа објасни дека тој наверојатно се заразил од крлеж, иако не дал таква информација, а тоа што го кажал е дека бил на рибарење кај еден дел на реката Вардар каде има висока трева и трња.

„Овој пациент не дал свесно дека има каснување од крлеж. Не ретко се случуваат и такви нешта, целокупниот здравствен систем е активиран во државата, Клиниката за инфективни болести, епидемиолошките служби, и секој својата работа ја работи. Епидемиолозите направија анкетни листи со неговите контакти, со семејството, тројца колеги од Велешката болница, и ставени се под медицински надзор“, рече д-р Стевановиќ.

Таа објасни дека вработената на Клиниката која беше заразена од конго-кримска хеморагична треска е во добра состојба и дека новиот пациент го следат мултидисциплинарно заедно со колегите од Клиниката за трансфузиологија.

„Се надеваме на повлна состојба како и кај претходната пациентка. Му се дава супортивна терапија“, изјави д-р Стевановиќ.

“Епидемиолозите како и ветеринарната служба се вклучени во ова епидемиолошко следење на конго-кримска треска за нивно испитување натаму“, рече д-р Стевановиќ и најави дека во текот на утрешниот ден ќе ги дадат сите детали за слиучајот.

Таа објасни дека коонго-кримската хеморагична треска ја пренесуваат крлежи, може да дојде до инфекција од нетретирано млеко, месо, и дека под ризик се кај луѓето кои се професионално вработени во овие дејности, како и  медицинските лица.

Д-р Стевановиќ порача луѓето да се заштитат кога одат во природа, каде може да има каснување од крлеж, а медицинските лица да ги почитуваат протоколите за секој пациент.

 

Поврзани новости