422
Доктор Соња Николова е нова директорка на Институтот за радиологија, потврдија од Министерството за здравство.
Министер за здравство Арбен Таравари направи повеќе смени на директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.
Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство – Фатмир Меџити стана директор на Клиниката за неврологија.
Таравари на брифинг со новинарите рече дека до утре ќе знае кој ќе биде новиот директор на ГОБ „8. Септември“