„Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се ОСУДЕНИ со правосилна пресуда“ објави денеска на Фејсбук микробиологот д-р Никола Пановски.
Во неговата објава пишува „Конечно, по една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради промоција на чаевите ПАРАЗОЛ и ХИПЕРТЕА на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова. Дејан Јовановски, како одговорно лице е казнет со 2.100 евра, а фирмата увозник и дистрибутер МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје со 5.000 евра“.
„Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци. Сега продолжувам во граѓанска постапка да барам оштета од 15.000 евра за злоупотребата и душевната болка што ми ја сторија“ наведува д-р Пановски.