180
Поранешниот министер за здравсто – Фатмир Меџити и екс пратеникот, д-р Андон Чибишев се новите директори на Клиниките за Неврологија, односно Токсикологија.
Ова денеска го соопшти новиот министер за здравство – Арбен Таравари.
„Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити“, информираше Таравари.
Инаку, д-р Чибишев е долгогодишен професор на Медицинскиот факултет, поранешен пратеник и екс директор на Клиниката за токсикологија.