Доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил сподели информации поврзани со болеста од која почина младиот Кико, момчето за кое се обедини цела Македонија и се собираа пари преку донации за негово лекување.
„Кико почина од генетско заболување кое оневозможува поправка на DNK, во светот НЕМА ПРЕЖИВЕАН, има неколку регистрирани случаи на преживување до 30 и некоја година кај еден подтип на болеста, но најчесто животниот век е до 24-25 со добра грижа и нега.
Се работи за брзопрогресирачко заболување за кое не постои ефективен третман, со трагичен крај.
Никој не го убил детето во случајов, она што е факт и висина е дека државата нема систем за палијативна нега на терминални пациенти од ниеден вид ама најчесто се тоа возрасни пациенти за кои јавноста нема толку емоции, па ваквите случаи ни се шокантни и не се направил притисок тој голем проблем да се реши“ вели д-р Лазаров.