Д-р Јован Божиновски е нов директор на Неврологија – комисија ќе испитува како разрешениот директор работел со истечена лиценца

by irena 14:22
14:22

Нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е д-р Јован Божиновски.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Претходно, пред три дена Алиу го разреши претходниот директор на оваа клиника, д-р Игор Кузмановски, откако вечерта, на социјалните мрежи се појави видео со Кузмановски, во домашна атмосфера, каде меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин.

Алиу рече дека Лекарската комора го известила оти на д-р Кузмановски му била истечена лиценцата.

„Формирана е комисија од Министерството за здравство, побарав инспекциски надзор за работата на докторот. Се испитува во ‘Мој термин ‘дали во периодот од 15 март, кога му истекла лиценцата, до 8 август, кога станал директор, работел со пациенти. Случајот ќе го испитува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќе од ова не можам да дадам информации“, појасни министерот.

Слични вести