Д-р Докиќ демантира дека го напишал постот кој се споделува во негово име, пријавил и во полиција

by fokus

На социјалните мрежи се споделува текст, наводно напишан од д-р Дејан Докиќ, во кој се споделуваат препораки за заштита од Ковид-19, но и се алармира дека системот е пред колапс и нема место во болниците.

Денеска д-р Докиќ демантира дека текстот е негов и повикува да престане да се шири.

– Категорично тврдам дека текстот не сум го напишал. Овој текст е напишан со моето име што се злоупотребува, а она што го содржи не е точно. Слушнавте и од министерот дека има место за пациенти, а во текстот се алармира дека нема – вели д-р Докиќ.

Тој пријавил и во полиција и очекува институциите да ги казнат оние кои се повикуваат на неговото име, а шират паника.

– Ова дело го пријавив во полиција, сметам дека е кривично дело. Очекувам институциите да преземат мерки, сторителите да бидат казнети, за да се прати порака дека не смее да се злоупотребува име во ваква ситуација на пандемија – додава Докиќ.

Поврзани новости