Популарниот Д Фестивал, кој од 2011 година секое лето се одржува на отворено во Дојран, ќе започне на 28-ми и ќе трае до 30-ти јуни.
Билетите за цела програма за цел фестивал се пуштени во продажба и изнесуваат 1.500 денари, додека пак за цела програма и камп место цената им е 1.600 денари.
Од организацијата веќе ги најавија првите музички учесници на настанот.
Lil Pump, Elemental, Peach Vice, Sanatorium, Sama Abdulhadi, Zoster, Ruzno Pace, Bullz, Luka Chombe, Nomad и многу други музички имиња ќе се појават на фестивалските сцени, а се најавени и други изведувачи чии имиња ќе биле наскоро соопштени.
Д Фестивал е поддржан со сума од 1.020.000 денари од страна на Министерството за култура, како проект од национален интерес во музичката и музичко-сценска дејност.
Фестивалот секоја година привлекува голем број на посетители, не само од земјава, туку и од регионот.
Лани настанот беше засенет со веста дека полициски службеници од СВР Скопје уапсиле 20 туристи кај кои била пронајдена дрога за време на музичката манифестација, по што најавија засилени контроли додека трае одржувањето на Д Фестивал.
Вики Клинчарова