Лоши кинески брзи тестови за Ковид 19 се продаваат како холандски тестови низ повеќе земји во светот, меѓу кои и во Македонија, открива во своето новинарско истражување ИРЛ заедно со нивниот меѓународен партнер истражувачката мрежа ОЦЦРП.
Според написот, кинески тестови произведени за брзо тестирање на крв за присуство на антитела на Ковид 19, поради дупки во еврoпската легислатива се препакувале во холандска амбалажа и добиле статус на европски производ.
„Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а се откри дека и лажно се декларира како попрецизен одошто е. Тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично “ѓубре”. Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија и нуден како европски. Oткриваме најмалку три брендови кои продавале тестови направени од кинески производител со европски и американски етикети. Тестовите се продадени на властите, здравствените институции и клиниките во земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Индонезија и Русија. Да се купат и да се овозможат тестови како ова е легално. Меѓутоа, залажување на граѓаните за нивното вистинско потеклно и за перформансите на тестот, сепак не е.
За ова читајте повеќе во истражувањето на ИРЛ и ОЦЦРП