· Вклучена топлинска пумпа: Поставете пријатна температура во компактниот е-автомобил преку апликацијата myOpel
· Повеќе извори на топлина: Опционални седишта со функција за загревање и управувач со функција за загревање
· Совршен за планинските предели: Динамичен, моќен и со регенерирање на енергија
Сакате да се упатите кон планинските предели покриени со снег со електричен автомобил? Дали е тоа добра идеја? Апсолутно: компактниот Opel Mokka-e е динамичен, моќен и нуди многу пријатни патувања, дури и при ладно време. Тоа е вистинскиот електричен автомобил за Вашите снежни авантури. Со возбудливо стилизираниот Mokka-e, сите ќе ги вртат погледите кон вас каде и да одите, а Вие секогаш ќе бидете забележани на патот, без емисија на штетни гасови. Додека надвор беснее снежна бура, внатре е секогаш пријатно и топло за сите патници. Бидејќи Mokka-e има бројни системи за греење на патничката кабина.
Лесно (пред)загревање: преку апликација и топлинска пумпа
Започнува уште пред патувањето: ако сакате да се качите директно во комфорно загреан автомобил во зима и веднаш да тргнете на пат, електричната Mokka-e е вистинскиот избор. Сопствениците на е-автомобилот можат да ја користат апликацијата myOpel за да го програмираат од претходно греењето во внатрешноста, уште пред да излезат од својот дом. Во рок од неколку минути, кабината на автомобилот не само што достигнува удобна температура, туку и прозорците се без мраз.
Во исто време, неопходно е ефикасно управување со енергијата, особено во зима, за да се задржи ниска потрошувачката на енергија на Mokka-e, а опсегот висок. За да го направите ова, едноставно поставете ја однапред температурата додека Opel e-автомобилот е поврзан на надворешното напојување преку приклучок за домаќинство, ѕиден полнач или брз полнач. На овој начин, потребната енергија за греење доаѓа од надворешното напојување и целосниот електричен опсег до 338 km (според WLTP ) е достапен oд почеток. Благодарение на стандардно вградената топлинска пумпа, генерираната отпадна и изгубена топлина може да се користи за загревање на внатрешноста без да мора да се вклучи конвенционално греење, што би го загрозило опсегот.
Удобност и безбедност на пат: Технологии за греење во Mokka-e
Можете едноставно да седнете и да уживате во возењето. Удобните седишта кои можат да се прилагодат на повеќе начини и со функција за загревање се одлика за добро чувство при возење, здравје и безбедност, сè во едно. Благодарение на опционалното греење на седиштата за возачот и совозачот, зимската јакна може да се соблече уште пред да започне патувањето. Ова значи дека ниту една зимска облека не ја ограничува слободата на движење и дека безбедносниот појас може да се намести цврсто на телото без никакво олабавување – само така може да го добиете целосниот заштитен ефект во случај на судир. Безбедноста ја подобрува и функцијата за загревање на управувачот, кој ги загрева прстите за само неколку секунди. Ова значи дека возачот повеќе не треба да носи досадни ракавици и секогаш има сè под контрола. И стандардното загревање на просторот за нозе во задниот дел гарантира дека стапалата на патниците остануваат топли за време на патувањето.
Користете го кочењето: генерирате енергија со системот за регенеративно сопирање
Покрај аргументите за добро чувство при возење, што ги нуди Opel Mokka-e, има и одговорно уживање во возењето со компактниот електричен модел – особено во планининските предели. Агилноста и држењето на патот на Opel Mokka-e се дополнителни придобивки на ридски терен. Батеријата е инсталирана во долниот дел на каросеријата за особено низок центар на гравитација. Така, автомобилот се чини дека врти како на шини. Добитникот на „Златен управувач 2021“ се придвижува од електричен мотор од 100 kW (136 КС). Додека моделите со мотори со внатрешно согорување прво треба да ја вратат брзината од тесните свиоци, електричниот SUV има 260 Nm вртежен момент на располагање дури и од место – гарантирајќи одлична забава при возење на патишта со свиоци.
Mokka-e исто така се одликува со своите таленти за обновување на енергијата и забавување. Електричниот мотор станува генератор и ја претвора кинетичката енергија во електрична енергија. Ако возачот се префрли во режим на возење B, регенерацијата и забавувањето се зголемуваат. Батеријата од 50 kWh се полни без никакви тошоци – и се заштедува енергија за следното искачување.
Со сите овие технологии, возачите и патниците на Opel Mokka-e можат удобно, ефикасно и без издувни гасови да тргнат по планинските патишта покриени со снег, со многу забава во текот на патувањето.
ПР текст