Десетици луѓе денеска се на новите гробишта во Белград, за да ја испратат до вечниот дом трагично загинатата С.Н., која го загуби животот во масовно пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Пријатели, семејство, познаници, на дождот со цвеќиња во рацете се збогуваат со девојката чиј живот штотуку требаше да започне, но заврши по невидена трагедија.
Другарката на девојчето прочита неколку болни зборови во нејзина чест.
– Сè околу тебе те правеше посебна. Прерано си замина. Ќе живееш додека живеам јас. Ти ветувам дека повторно ќе се видиме. Дотогаш чувај ме од горе – низ солзи зборуваше девојчето.
За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакри што ја завија Србија во црно.
Во Белград во саботата беа погребани четворица ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ и чуварот на тоа училиште Драган Влаховиќ, кој почина од рацете на ученик од тоа училиште (13).
С.Н. била убиена во ходникот на училиштето, каде случајно се сретнала со убиецот Коста Кецмановиќ.
Во Мали Орашје и Младеновац беа погребани осум лица кои беа брутално ликвидирани од Урош Блажиќ во крвавиот пир која траеше со часови, меѓу кои и полицаецот Милан П, неговата сестра Кристина и неговиот пријател Далибор Т. За два дена беа убиени 17 лица во Србија.
Во текот на денешниот ден се закажани погребите на уште четворица ученици, кои ги загубија животите во ОУ „Владислав Рибникар“.