Чупеска: Премиерот Мицкоски сака да биде обвинител и истражител

by fokus

Премиерот Христијан Мицкоски, спротивно на принципите на демократијата, сака да биде и истражител и обвинител, вели потпретседателката на опозицискиот СДСМ, Ана Чупеска.

Говорејќи во таа насока, таа во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител рече дека неретко се случува премиерот да биде и обвинител и истражител и министер за внатрешни работи, што, како што додаде, е спротивно на сите елементарни аспекти врзани за демократијата.

„Во една демократија се знае што е законодавна, што извршна, а што судска власт. Тенденциите за спојување на властите во една и концентрација на моќ каква што е премиерската, тука не зборувам за Мицкоски, туку за институцијата што ја води Мицкоски, не би смееле да се дозволуваат такви излети. Во спротивно ќе имаме оправдан впечаток или дека станува збор за елементарна неспособност и непознавање на основните постулати на демократијата или дека има јасни тенденции за упад во сите институции“, кажа Чупеска.

Според потпретседателката на СДСМ, веќе има јасни и прецизни индиции за узурпација на сите три клучни лостови на власта.

Поврзани новости