Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска ја напушти функцијата и министерското место му го предаде на досегашниот заменик-министер, Агим Нухиу.
-Денеска во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на д-р Агим Нухиу. По денешното примопредавање на должноста, согласно постоечките законските одредби, Нухиу ќе раководи со министерството до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи, соопштија од МВР.
Мандатот на Чулев како технички министер, согласно Законот за Влада, заврши денеска со објавување на конечните официјални резултати од изборите. Покрај него, заврши мандатот и на дополнителната-заменик министерка, Славјанка Петровска.
![](https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2020/07/culev-nuhiu-2-1024x770.jpg)
Со објавувањето на конечните официјални резултати, мандатот завршува и на дополнителните-заменик министерски функции во Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Министерството за труд и социјална политика.