617
МВР и Судска медицина имаат различен став за тоа кога настапила смртта кај мајката и синот од Велес. Кај жената беше најден корона вирусот, а техничкиот министер Наќе Чулев во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека СЗО би требало да се позанимава со овој случај, бидејќи е своевиден феномен.
-Врз основа на оперативни активности на МВР, ние сметаме дека лицата се починати крајот на јануари, додека судска медицина смета дека смртта настапила крај на февруари, почеток на март.
Оперативните активности како разговарање со соседите, последни телефонски јавувања, инфромации од струјомерот, односно до кога била користена електрична енергија во станот, покажуваат дека лицата починале крајот на јануари, најдоцна почеток на февруари, рече Чулев.