Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес информираше дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за самоизолација.
„На телефонскиот број 0800 00 201 и на објавениот мејл за 2 дена евидентирани се 59 мајлови и 402 телефонски повици. Во моментот специјалци извлекуваат трудница од кризното подрачје, но чекаат дозвола од епидемиолозите. Телефонските повици најчесто се однесуваат на регулирање на товарни возила, за извлекување на државјани заглавени во некоја од странските земји. Да се пријавува секое непочитување на препораките за самоизолација како и угостителски објекти и забрана за собири. На 19 март, СВР Скопје врши контрола на 230 лица за здравствен надзор, и 1.000 лица со наредби за самоизолација. Контролирани се 530 објекти од кои 140 само денес. Велес 2 лица за здравствен надзор, самоизолација 99, 186 во самоизолација на СВР Тетово, СВР Штип 246 за самоизолација, Струмица 172 наредби за самоизолација, Битола, 140, Куманово-220 изолација, Охрид – 205 наредба за самоизолација.”, извести Чулев.