Чулев: Спасовски очајно се обидува да го скрие хосот кој го остави позади себе

by fokus

Оливер Спасовски очајно се обидува низ некаква премиерска ‘величина’ која му ја додели Заев да ги скрие хаосот и безредието кои ги остави зад себе, реагира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев откако сегашниот премиер и негов претходник, Оливер Спасовски денеска индиректно порача дека хаосот во МВР не носи ништо добро и дека очекува сите недоразбирања меѓу двата министри да се надминат и низ дијалог а се спречат спорните прашања.

– Денеска изјавува дека најмалку било важно кој какви службени автомобили користел, а во првите неколку часови кога самиот беше именуван за технички министер до после полноќ спроведуваше потери по службените возила на МВР. Истото се повтори и последниот ден кога како министер намерно ги распредели возилата од Кабинетот на МВР по други институции и организациски единици. Важно е каде се возилата господине Спасовски бидејќи изминативе 3 години блиските на вашите подредени се возеа во полициски автомобили, се кријат оштетени автомобили, инспектори беа во друштво на криминогени и сомнителни лица, а сега сакате со нив да осигурате повторување на истите работи од минатите изборни циклуси. Наместо да се користат за заштита на државната граница, дел од нив секојдневно од страна на советниците во МВР се на релација од Куманово до Скопје и назад. Сосема на крај, за кој систем на кариера сте се залагале кога омилена алатка за распоредување и унапредување ви биле наредбите? Очигледно за Вас правилата не значат ништо. За граѓаните клучно е да знаат дали функционерите прават злоупотреби, или ќе продолжиме да ги слушаме истите демагогии како до сега, напиша Чулев на Фејсбук.

Поврзани новости